„ОСОГОВО“ ЗАГУБИ ОД „ТРАЈАЛ“

Во Спорт
јули 18, 2024
0 минути

Во првиот подготвителен натпревар во рамките на подготовките за претстојното првенство во Втора Фудбалска Лига, „Осогово“ го претрпе и првиот пораз. Денес на фудбалскиот терен во Пехчево екипата на „Трајал“ од (Република Србија) го совлада Кочанскиот второлигаш со 3:1 (2:0).

Гостите се покажаа како далеку поспремна екипа од „Осогово“ и сосема заслужено дојдоа до победа. Кочанчани единственото нешто на овој натпревар што направија е што во второто полувреме го намалија сигурното водство на „Трајал“ од првото полувреме.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ