Денес во „Фоаје 2“ во НУ Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани беше отворена изложбата насловена како „Креации во ноќта – уметност инспирирана од соништата“ дела на членовите на Друштвото уметници од Прилеп.
Поставени се повеќе од десетина уметнички дела кои се изработени во текот на 2020 година а за прв пат на јавноста беа презентирани од пред две години.
Според она што беше кажано уметниците делата ги создавале инспирирани од своите соништа кои се надоврзуваат на многувековната традиција присутна на светската и домашната сцена.
Поставената изложба е дел од Годишната програма на НУ ЦК „Бели мугри“ – Кочани а истата е финансиски поддржана од Министерството за култура и туризам.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ