Во пресрет на празнувањето на Петровден, празникот на Кочани, синоќа во „Фоаје 2“ при Национална установа ЦК „Бели Мугри“ во Кочани беше отворена изложбата „Иконописот во Кочани“.
Изложбата е посветена на градот Кочани по повод празникот на Светите Апостоли Петар и Павле, а една од иконите како што беше нагласено ќе биде подарена на храмот „Св. вмч Георгиј“
На изложбата се поставени иконописи изработени оф кочанските автори: Александра Димитров, Валентин Ѓурковиќ, Ангелчо Галев и Лидија Тенева.

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82
Поставената изложба е дел Годишната програма на национална установа ЦК „бели Мугри“ од Кочани, а истата е финансиски поддржана од Министерството за култура и туризам.
За прв пат ваква слична изложба со поставени Иконописи од Кочани на кочанската јавност и беше презентирана сега далечната 2006 година.
Фотографиите се позајмени од порталот Glasno.mk

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ