ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА „УМЕТНОСТА НА ТРАДИЦИЈАТА“ ОД АВТОРОТ МИРЧЕ ДЕЛЧЕВ

октомври 6, 2025
1 минути

Изложбата ,,Уметноста на традицијата” од авторот Мирче Делчев, пример за почит како една млада личност со голема љубов, желба и посветеност ја негува традицијата кон нашето богато културно наследство.

За изложбата и посветеноста на авторот говореше Даниел Ѓорѓиевски, кореограф во АТМИ,, Митко Алексов”-Кочани. На изложбата покрај цртежи на кои се насликани народни носии од повеќе делови на Македонија, беа изложени голем број етнолошки автентични предмети, народни носии, рачно изработени ткаенини, алатки, покуќнина, како и најразлични предмети со декоративни елементи, од кои поголемиот дел од нив се од личната збирка на семејството на авторот.

Едно вистинско уживање збогатено со трафиционалниот македонски колорит и мелос кој го збогатија членови на АТМИ,, Митко Алексов”-Кочани, облечени во традиционална народна носија.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ