Со отворање на ликовна изложба „Светот на пчелата“ која од денес е поставена на западната тераса во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани, Пчеларското Здружение „Матица“ од Кочани го одбележа „Меѓународниот ден на пчелата“.
Настанот го посетија градоначалникот Љупчо Папазов и секретарот на Општина Кочани Драган Ананиев и истиот имаше за цел да се укаже значењето на пчелите како главни опрашувачи во природата од кои зависи опстанокот на планетата.
На изложбата беа истакнати ликовни и литературни дела од ученици од основните кочански училишта а Претседателот на Пчеларското здружение „Матица“, Борчо Атанасов им врачи награди на најдобрите.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ