„ОВЧЕ ПОЛЕ“ УБЕДЛИВ ВО ПРВИТЕ ТРИ КОЛА

Во Спорт
април 12, 2022
0 минути

Се одиграа натпреварите од Трета Фудбалска Лига – Исток. Екипата на „Овче Поле“ со третата последователна победа е осамена на врвот на табелата со максимален број на освоени бодови.

„Чешиново 2015“ се заплетка во мрежата на „рибарите“ во Дојран, додека во Карбинци во 8’ беше поставен конечниот резултат.

Резултати од 3. коло:

„Овче Поле“ – „Рудар“  4:0

„Карбинци“ – „Малеш“  1:1

„Дојранско езеро“ – „Чешиново 2015„  2:1

На табелата води „Овче Поле“ со 6 бодови, пред „Дојранско езеро“ 4, „Малеш“ 2, „Карбинци“ 2, „Чешиново 2015“ 1, „Рудар“ 1.

Следното 4. коло се игра во Недела (17.04.2022 година)

С. Ивановски