Денес во ООУ „Никола Карев“ во Кочани, Директорот на училиштето Александар Андов им додели паќетчиња на учениците од одделенска настав, донација од компаниите „Рики Јуниор“ и „Европа ’92“.
„На нашите ученици од одделенска настава доделивме новогодишни пакетчиња. Голема благодарност до општествено одговорната компанија ,,Европа 92″ и ,,Рики Јуниор”, за донацијата и затоа што ги направија среќни нашите најмали ученици“ информираше Александар Андов, Директор во ООУ „Никола Карев“ – Кочани..