По повод „Светската недела на детето“ денес во организација на Општина Кочани а во соработка со основните училишта во општината, на платото пред НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани беше организиран свечен прием за учениците од првите одделенија од петте основни училишта во Детската организација.
Најпрвин учениците од првите одделенија како и сите присутните во „Паркот на Револуцијата“ ги поздрави Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов по што учениците ја положија свечената заклетва.
На крајот нивните другарчиња од повисоките одделенија со музички сценски настапи им посакаа топло добредојде во Детската организација.
На настанот присуствуваа родители, роднини и пријатели на учениците како и заинтересирани граѓани кои беа воодушевени од целокупната организација.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ