ПЕТРОВДЕНСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР, „РЕЛИ“ ПРВ ПОЛУФИНАЛИСТ

Во Спорт
јули 4, 2024
1 минути

По еден ден пауза, синоќа (Среда) продолжија натпреварите од 22-риот Петровденски Фудбалски Турнир.

Се одиграа натпреварите од второто коло од групата „А“.

Во дерби натпреварот екипата на „Рели“ го совлада „Ауто велт“ со 4.2 и со максимален број на бодови по првите две кола е првиот полуфиналист.

Во вториот натпревар од програмата „Астон Вила“ славеше над „Џинџер“ 5:2 и со доза на оптимизам ќе го очекува  натпреварот од третото коло во кое заедно со екипата на „Ауто велт“ ќе се бори за место во полуфиналето.

Денес (Четврток) на програмната се натпреварите од второто коло во групата „Б“ во кое се среќаваат:

19:00  „Але Дар Премиум“ – „Масив Дизајн“

20:00  „Естон Дизајн“ – Амфенол“

Натпреварите од првото коло од групата „Б“ кои во вторникот се одложени поради невремето се закажани за во сабота (06.07.2024 година).

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ