ПО ТРИ ГОДИНИ ПАУЗА ГЛАВНАТА ДЕПОНИЈА ПОВТОРНО ПОЧНА ДА ЧАДИ

декември 30, 2021
0 min read

Густ чад и непријатен мирис почувствуваа рекреативците кои утринава шетаа по патот кон „Гратче“.

Причината за ова ненадејно загадување кое како густа магла беше во воздухот и од кое печеа очите е разгорувањето на главната депонија.

Според фотографиите кои ги добивме главната депонија по три години повторно проработи, па сега освен загадувањето од јужната страна на градот сега жителите се соочуваат и со загадување од северната страна.

КЈП „Водовод“ треба час поскоро да реагира како депонијата не почне да добива се поголем замав и да ни се повторат проблемите кои жителите ги чувствуваа пред три и повеќе години.

С. Ивановски