“Учениците пеат” е насловот на концертот што по повод одбележување на Неделата на детето го организираше ООУ “Крсте Петков Мисирков” во Оризари.
На концертот што се одржа во салата на Домот на културата во Оризари настапија учениците од одделенска и предметна настава. Младите талентирани учениците го покажаа својот музички дар, љубовта кон песната и уметноста.
Настанот се одржа во пријатна атмосфера, исполнета со детски гласови, енергија и искрени емоции.
ООУ „Крсте Петков Мисирков“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ