ОД 4 ДО 7 МАЈ ДЕСЕТО ИЗДАНИЕ НА „ТРАДИЦИОНАЛНИ ЃУРЃОВДЕНСКИ ОБИЧАИ, ПЕСНИ И ОРА“

мај 2, 2023
1 минути

Годинава од 04-07 Мај ќе се одржи 10. издание на меѓународниот фолклорен фестивал „Традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“. И годинава на програмата се фолклорните концерти што ќе се одржат во Зрновци и Оризари.

Петок (05.05.2023 година) домаќин е Зрновци. Во 15:30 часот е дефилето на учесниците а веќе во 16:00 часот се Традиционалните Ѓурѓовденски игри кои ќе се одржат во „Етно парк“.   Фолклорниот концерт што ќе се одржи исто така, во „Етно парк“ е закажан од 16:30 часот по што  во 18:30 часот следува дегустацијата на традиционалните јадења.

 

Сабота (06.05.2023 година) домаќин е Оризари. За во 14:30 часот е закажано дефиле на учесниците а веќе во 15:30 часот се традиционалните Ѓурѓовденски игри во река Масалница. Традиционалните обичаи започнуваат во 16:00 часот кога на програмата се: биење млеко, правење масло, традиционален Ѓурѓовденски зелник. Сето тоа проследено со песни и ора во домот на културата во Оризари.

Годинава на фестивалот учествуваат фолклорни ансамбли од Македонија, Србија, Црн Гора, Босна и Херцеговина, и Бугарија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ