ПОДНЕСЕНА ПРЕТСТАВКА ДО ОЈО – КОЧАНИ ЗА ПОВТОРНО РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ПРОТИВ „ПЕЈПАР МИЛ“

март 1, 2022
0 минути

Денес до ОЈО (Основно Јавно Обвинителство) – Кочани од страна на Граѓанската иницијатива за чист воздух во Кочани беше поднесена претставка со која се бара повторно разгледување на кривичната пријава против „Пејпар Мил“ за континуираното загадување на животната средина во Кочани и околните места.

Како илустрација да споменеме дека Кочанското обвинителство најпрвин ја одби кривичната пријава против „Пејпар мил“ поднесена тогаш од ЗГ „Греен.орг“, но по нивната жалба до повисоките институции, ВЈО ( Вишо Јавно Обвинителство) од Штип во Ноември минатата година му наложи на ОЈО Кочани повторно да разгледа кривичната пријава.

Денешната претставка поднесена до ОЈО е всушност реакција на граѓаните за неговата пасивност во извршувањето на она што му е наложено од повисока институција.

С. Ивановски