КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА – КОЧАНИ, СОБРАНИ 24 КРВНИ ЕДИНИЦИ

март 1, 2022
0 минути

Во првата годинешна крводарителска акција спроведена во Полициска станица – Кочани собрани се 24 крвни единици.

Акцијата која ја организираше Полициска станица – Кочани е во соработка со „Црвен крст“ – Кочани и со поддршка од екипа на „Институтот за трансфузиона медицина“ од Скопје.

Инаку ова е една од трите планирани крводарителски акции кои Полициска станица традиционално ги организира секоја година.

Освен во месец Март вработените во Полициска станица Кочани, од најскапоцената течност ќе даруваат и за време на останатите две акции кои се предвидени во месец Јуни и Ноември.

С. Ивановски