ШТО ВЕТУВАШЕ А ШТО СРАБОТИ ВО ПРВИТЕ 100 ДЕНА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ЗРНОВЦИ БОРЧО КОЦЕВ?

февруари 13, 2022
1 минути

Почитувани,

Она по што ќе бидат запаметени првите 100 дена од изборот на Борчо Коцев за градоначалник на Општина Зрновци се лажните ветувања.

Освен партиските вработувања главна карактеристика во првите 100дена на градоначалникот се и лажните ветувања. Ниту еден проект од неговата програма не е започнат, а ниту има навидум реализација.

Мостот “Синиша Стоилов” уште пред започнување на неговиот мандат го раскопаа и до денес стои така и покрај тоа што претставува опасност по движењето на населението.

Помпезното најавување за чистење и оградување на депонијата остана до пола реализирано.

-Пофалбите од типот отстранет дефект на водоводот (после 6 години)

– Деблокирана сметка после 13 год. се само потврда за не работењето на службите.

Единствено што го “реализира” градоначалникот е актерско фотографирање со најблиските соработници и лажно работење.

Почитувани жители на о.Зрновци, ако по утрото денот се познава, тогаш нема дилема градоначалникот Борчо Коцев се вбројува во низата на неспособноста и неработењето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Со почит

О.О.СДСМ-ЗРНОВЦИ