ПОДОБРУВАЊЕ НА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА КОН СЕЛО ЈАСТРЕБНИК

јуни 27, 2026
0 минути

На патниот правец Градче – Јастребник успешно е бетониран најкритичниот и најнепрооден дел од патот, во должина од над 70 метри.

Со оваа интервенција значително се подобрува безбедноста и се овозможува непречено движење на возилата и жителите во двата правци.

Иако станува збор за зафат со релативно мала должина, неговото значење е големо за жителите и за сите кои секојдневно го користат овој патен правец, овозможувајќи побезбеден и полесен пристап до Јастребник и околните населени места.

Општината останува посветена на континуирано подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за живот за сите граѓани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ