ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗЕМЈЕНО-ГРАДЕЖНИ РАБОТИ И АСФАЛТИРАЊЕ НА КРУЖЕН ТЕК

март 23, 2022
1 минути

Почитувани учесници во сообраќајот,

Според најавите на изведувачот „Стоименов“, во текот на следните денови 24-26.03.2022 година (четврток – сабота)  во периодот од 07-16 часот ќе се изведуваат земјено-градежни работи и асфалтирање на кружниот тек КТ5 на бул. „Тодосија Паунов“ (КТ кај Пионир – Флорис – Генекс).

Во интерес на безбедно и брзо завршување на патната инфраструктура потребно е почитување на сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот. Замолуваме за намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост на сите учесници во сообраќајот.

Општина  Кочани