ПОКАНА ОД ПСК „ОСОГОВО“ ЗА УЧЕСТВО НА 16. ПЕТРОВДЕНСКИ ПЛАНИНАРСКИ МАРШ

Во Спорт
јули 13, 2023
1 минути

Почитувани
Ве повикуваме да ни се придружите на нашиот 16 ти традиционален Петровденски планинарски марш Манастирски комплекс Еленец село Цера врв Китка на 16 Јули 2023 година

ПСК “Осогово” Кочани веќе традиционално секоја година по повод празникот на градот Кочани, Петровден организира планинарски марш со учество на планинарски клубови од земјата и странство, планинари, рекреативци и вљубеници во планината.
Оваа година за трет пат маршот ќе се одвива до врвот Китка на Осоговската планина со н.в. од 1903 метри. Стартот на маршот ќе биде од селото горна Цера поточно манастирскиот комплекс Еленец на 1000 мнв кое се наоѓа на 12 км. од Македонска Каменица и до него води асфалтиран пат .
Должината на патеката во еден правец изнесува 7 километри и се стигнува за околу 3 часа.
Патеката е целосно маркирана и до двата правци и се обележани и повеќето места каде попатно има два извора на питка вода за пиење .Самата патека нуди повеке видови на чаеви и печурки .
Тежината на патеката е средно лесна и може да земат учество сите вљубеници во планината.
На самиот врв Китка нуди пејсажи од кои застанува здивот и се шири извонреден видик кон Каменичката Кочанската котлина повеkето планински врвови во Македонија, Србија и Бугарија.
За сите учесници е обезбеден традиционален планинарски ручек во манастирскиот комплекс Еленец.
Секој да си понесе прибор за јадење.
Пријавете го вашето учество најдоцна до 13.07.2023 год заради подобра организација и утврдување на точниот број на учесници за обезбедување на ручек за секого и секако благодарници на клубови ,на најмалите и најстарите учесници.
Доколку има заинтересирани за пристигнување во сабота и сместување во манастирскиот комплекс ќе добиете подетални информации од пријавените лица за контакт.
Секој учесник си одговара за својата здраствена и психофизичка состојба. Потребно е учесниците со себе да понесат опрема за заштита на телото од сонце и дожд и добро разгазени обувки.
Доколку се заклучи дека некој од учесниците не е соодветно опремен/подготвен, можно е да добие препорака од водичите да не учествува во маршот.
Доколку и покрај препораките, учесникот самостојно одлучи да го продолжи маршот, сам одговара за евентуалните последици од несоодветната подготвеност.
Секој учесник самостојно и на своја одговорност одлучува за учество на маршот.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !
16ти Традиционален петровденски планинарски МАРШ
Датум 16 .07.2023 г
Време на поагање 06 часот од Градски парк -Кочани со сопствени возила и организиран превоз(цена за превоз 200ден).
Стартно место Еленец од 07.00 часот
Лица за контакт:
Тошо Антов 078-270-724 ,Стојка Антова 071-314-482 ,Методи Георгиев 078-203-047 ,Мирче Ефремов 078-389-909.

ПСК „Осогово“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ