АПЕЛ ЗА РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА

јули 13, 2023
1 минути

Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високите температури кои деновиве ќе достигнат и над 40 °C, како и податоците на КЈП “Водовод” Кочани за зголемена потрошувачка на водата, апелираме до граѓаните на Кочани:
-рационално да ја користат и употребуваат водата,
-да избегнуваат полевање на поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.
Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснабдување, член 23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на Општина Кочани (Закон за водоснабдување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена кривична постапка за сторено кривично дело.

Се надеваме дека сите граѓани на Општина Кочани ќе се однесуваат одговорно со употребата на водата, за да не биде потребно да се користат мерки на рестрикции.

КЈП “Водовод” – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ