Како што ни јавуваат наши читатели поројните дождови што минатиот месец го зафатија нашиот регион имаат направено поголема материјална штета на Голема Река кај „Водопадот“.
Имено мостот кој го користеа туристите за да поминат од едниот крај на другиот на реката е однесен и се наоѓа подолу на околу педесетина метри заглавен во врбите.

Однесена е и друга урбана опрена, поточно однесени се и масите и клупите кои беа наменети за одмор.
Поради излевањето на Голема Река оштетен е и пристапот до самата река.
Исто така не информираат дека година дена ја нема ниту сајлата која служела како обезбедување на луѓето кои се спуштале од ридот кон реката, најверојатно истата е украдена од некој „колекционер“.

Инаку последните поплави предизвикани од поројните дождови се случија пред повеќе од месец дена.
Целта на оваа објава е како што ни објаснија да бидат информирани надлежните па кога ќе се создадат услови да се изврши поправка на оштетеното за да може истото пак да го користат посетителите.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
