УЧЕСНИК ВО СООБРАЌАЈКАТА И ВОЗИЛО ШТО ТРАНСПОРТИРАЛО МРТОВЕЦ

декември 14, 2021
1 минути

На регионалниот пат Штип-Делчево во непосредна близина на обиколницата кај Кочани денес околу 13:00 часот се случи сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила, од кои едното „Форд“ со Германски регистарски таблички, а другото „КИА“ со Делчевски регистарски таблички.

Патничкото моторно возило „КИА“ кое се движело во правец кон Делчево транспортирало починато лице.

Во несреќата со повреди се здобиле три лица кои итно се пренесени во „Општа болница со проширена дејност“ – Кочани, каде по укажаната лекарска интервенција две се задржани на понатамошно лекување а едното е испратено за Скопје на клиниката за Торакална хирургија.

Сандакот со починатото лице е префрлен во друго возило а екипи на Полициска станица Кочани ги испитуваат причините поради кои дошло до сообраќајната незгода.

Патниот правец Штип-Делчево кој беше во прекин од 13:00 до 15:45 часот сега е прооден за сите возила.

С. Ивановски

П.С. Благодарност до Актуелности за фотографиите