Утре (Вторник) со почеток во 13:00 часот се играат натпреварите од 14-тото, претпоследно есенско коло во Втора Фудбалска Лига – Исток.
Натпревар кој го привлекува најголемото внимание се игра во Кочани каде домаќинот „Осогово“ ја пречекува прилепска Победа. Играчите на „Осогово“ најавуваат беспоштедна борба за секоја топка и атак на трите бода со што ќе им возвратат на своите навивачи на најдобар начин на досегашната поддршка. После нерешениот резултат во Градско „жетварите“ повторно се најдоа во опасната зона и затоа трие бода им се од големо значење, но……
Доста интересен е и натпреварот во Македонска Каменица во кој екипата на „Каменица Саса“ ја пречекува „Беласица“. „Рударите“ во досегашниот дел на првенството покажаа дека го играат можеби најдобриот фудбал на истокот и со право и играчите и навивачите очекуваат сигурна победа и нови три бода на контото.
Во Виница лидерот на табелата „Слога 1934“ го пречекува „Детонит Јуниор“ и со нови три бода ќе ја завери есенската титула.
„Кит Го“ гостува во Гевгелија а додека последнопласираното „Братство“ ја пречекува „Локомотива“ .
Двојки за 14-тото коло:
„Осогово“ – Победа“
„Каменица Саса“ – „Беласица“
„Слога 1934“ – „Детонит Јуниор“
„Кожуф“ – „Кит Го“
„Братство“ – „Локомотива“
С. Ивановски