ПОСТОИ ЛИ НЕКАКОВ ТАЕН ДОГОВОР ЗА ИСТОВАР НА СМЕТ НА ДЕПОНИЈАТА И ОД ДРУГИТЕ ОПШТИНИ?

ноември 16, 2024
0 минути

Како што не информираат граѓански активисти кои се дел од оние кои седумнаесет денови по секакви временски услови ја обезбедуваа депонијата и кои се изборија Советот да донесе одлука во корист на жителите на Кочани во текот на денешниот ден забележени се и фотографирани  сомнителни возила како носат отпад и како никој беа преглед ги пушта на депонијата.

Малку е чудно што досега ваквите возила не беа забележувани на овие простори па со право ни го поставија прашањето дали постои некаков таен договор на депонијата во Кочани да има истовар на смет и од другите општини.

Во време кога некој очигледно си поигрува со чувствата на жителите на Кочани и веќе постојат многу сомнежи во целата оваа ујдурма што Кочани го потресуваше во последните месеци се наметнува прашање „Дали сега е моментот кога депонијата може да се даде  на некоја од агенциите за обезбедување за да се стави крај на сето ова?“.

Депонијата најпрвин мора да има метална врата која ќе се отвора само кога ќе наидат возила од КЈП „Водовод“, дежурната служба што треба да се грижи за безбеден истовар на смет мора истиот да го фотографира и да ја испрати  фотографијата во КЈП „Водовод“, депонијата мора да има камери за следење за тоа кој се влегува и кој се излегува од депонијата а во вечерните часови да биде повеќе осветлена отколку што е сега. Ако КЈП „Водовод“ не е во состојба сето ова да го обезбеди тогаш агенцијата за обезбедување може.

Оправдувањето дека нема средства да се плаќа таква служба не држат, бидејќи комуналното претпријатие и под ингеренции на општината а Буџетот на Општина Кочани се полни и од наплата на сите оние субјекти кои според нив користат јавна површина, па средствата наместо да се наменуваат само за обезбедување плата на „партиски војници“ ќе може некој дел од тие средства да ги пренамени и за агенцијата која ќе ја обезбедува депонијата во Кочани.

Време за чекање нема, по  денешните случувања на депонијата мора под итно да се реагира.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ