ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ДОНАЦИЈА НА ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО

февруари 10, 2026
0 минути

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и полковник Јиржи Фојтик, директор на средното и вишото стручно училиште за противпожарна заштита во Чешка, денеска го потпишаа договорот за донација на противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица – Кочани.

Чешката делегација беше предводена од амбасадорот Јерослав Лудва, а на потпишувањето на договорот присуствуваше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Договорот за донација на противпожарно возило е во вредност од 7,94 милиони денари и претставува хуманитарна помош од Чешка за зајакнување на капацитетите за справување со вонредни состојби.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ