ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ

август 12, 2024
0 минути

Одборот за доделување награди на Општина Кочани објави јавен повик за доставување предлози за доделување Награда за значајни остварувања за развојот на Кочани и Награда за животно дело.

Наградата за значајни остварувања за развојот на Кочани се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Наградата е во форма на плакета.

Наградата за животно дело е плакета и се доделува во случаи на исклучителни разултати и остварувања во областа на науката, иноваторството, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, по претходна оценка на Одборот за доделување награди.

Предлозите за доделување на наградите се доставуваат со образложение до Одборот за доделување награди на општината Кочани на адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр.1, до 25 август 2024 г.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ