Проблемот за учениците и вработените кои настава држеа во подрумските кабинети во СОУ „Гошо Викентиев“ и со години се соочуваа со влага, сека е минато.
Имено години на назад после дождовите тој слободен простор едноставно пливаше во вода. Се правеа разни обиди со фрлање на песок, потоа со изолација со тер хартија колку толку да се надмине проблемот, но залудно. Проблемот со влагата во ниските кабинети постоеше.
Но со најновиот проект проблемот е решен и тоа на еден иновативен начин а ползата ќе биде за сите.
Имено најпрвин над слободниот простор се постави метална конструкција која се покри со лим. Потоа на целиот покриен дел се постави изолација и се направија прегради со гипс-картон.
Сега целиот тој простор е поделен на два прекрасни дела. Во едниот е направено бифе кое ќе можат да го користат сите вработени, а додека другиот дел е предвидено да се спои со две училници и да се направи една голема библиотека во која ќе биде собрано сето она што во иднина ќе можат да го користат и учениците и вработените.
Убава замисла, одлична реализација.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ