Општина Кочани како организатор на Петровденскиот турнир во мал фудбал ги повикува фудбалските екипи, најдоцна до 4 јули 2025 година да се пријават за учество на турнирот.
Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2.000 денари на с-ка 300050000171869 – ГФК „Осогово“ Кочани, да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години.
Пријавите може да се подигнат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од официјалната веб-страница www.kocani.gov.mk.
Ждребувањето и започнувањето на натпреварите ќе биде во договор со екипите.
Дополнителни информации на телефон 078 727 142 на Љупчо Симовски
Првата награда ќе биде во износ од 60.000 денари, втората од 30.000 денари и третата во износ од 15.000 денари.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ