Од синоќа, пожарникарите интервенираат на голем пожар кај кочанското село Пресека.
Територијалните противпожарни единици на Кочани и Македонска Каменица, службите од Шумското стопанство „Осогово“ и доброволците од ДПД – Кочани повеќе од 15 часа се на тежок, непристапен терен на Осоговските Планини. Обид за локализирање на пожарот имало и од воздух, со хеликоптери од ЦУК.
Во Пресека гори високостеблеста борова, дабова шума и ниска вегетација, а пожарникарите јавуваат дека пламените јазици достигнуваат и до 20 м.
Од пожарот е загрозена и викендичка во која престојуваат луѓе.
Борбата со огнот на Пресека продолжува.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ