ПОЖАРОТ КАЈ СЕЛОТО ГЛАВОВИЦА АКТИВЕН, ВО ГАСНЕЊЕТО ВКЛУЧЕНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ НА АРМ И МВР

јули 29, 2024
1 минути

Пожарот кој избувна во теот на вчерашниот ден во близина на селото Главовица уште е активен.

Осумте пожарникари од ТППЕ – Кочани и седумте доброволц од ДПД – Кочани синиќа се повлекле околу 23:00 часот бидејќи немало повеќе никакви услови да интервенираат.

Денес уште во 05:00 часот целата Територијална Противпожарна Единица – Кочани заедно со доброволците од Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани и други надлежни институции се излезени на терен а  во гаснењето и помагаат и два хеликоптера, едниот на АРМ и другиот на МВР.

Од ТППЕ – Кочани апелираат до земјоделците да не палат оган по стрништата и на отворените терени бидејќи целата единица е ангажирана во гаснењето на шумскиот пожар и не се во можност да интервенираат и на други запалени површини.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ