Како што ни јавуваат наши сограѓани пожар се приближува и кон Пониква. Во моментот пожар има како што истакнуваат во „зелен град“ со тенденција истиот да се прошири и на Пониква.
Од ДПСС “Осогово“ (Доброволна Планинска Спасителска Служба) која постојано е на терен не информираат дека заедно со директорот на „Македонски шуми“ и со директорот на Дирекцијата за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов излегле на терен за да со помош на дронови го снимат теренот и да го утврдат интензитетот и површината на пожарот.
За жал на сите проблем им прави ветерот кој постојано го менува правецот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ