ПОЧИНА САШКО КОСТОВ ПОРАНЕШЕН ПРАТЕНИК ОД КОЧАНИ
Денес во Кочани на 50 годишна возраст ненадејно почина Сашко Костов, некогашен пратеник во Собранието на Македонија.
Утринава за време на судско рочиште во Основен суд – Кочани, му се слошило, добил срцев удар по што веднаш бил пренесен во Општа болница со проширена дејност во Кочани во тешка состојба.
Сашко Костов инаку беше магистер по правни науки и моментно работеше како адвокат. Зад себе остави сопруга и три малолетни дечиња.
Нека му е вечна слава.