На 47 – та седница на Советот на општина Кочани, по предлог на советничката група предводена од СДСМ, беше донесена одлука, со која општина Кочани ќе му наложи на Јавното претпријатие „Водовод“, да започне третирање со алги на депонијата.
За оваа од буџетот ќе бидат одвоени 1000000 денари. Со оваа одлука се надеваме дека ќе се започне со решавање на проблемот со депонијата .
Користењето на препаратот во текот на минатите години покажа висока ефикасност при спречувањето на горењето на отпадот. Густите облаци чад ги немаше или беа сведени на минимум, со што драстично беше намалено аерозагадувањето. Оваа постапка беше спроведувана претходните години и е позната во другите земји.
Советничка група
Предводена од СДСМ
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ