ПРОЕКТОТ „СПОДЕЛУВАЊЕ ЗНАЕЊА ЗА ИГРАТА ШАХ“ ПРЕТСТАВЕН ПРЕД УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Во Спорт
јуни 14, 2024
1 минути

Денеска ЈОУ Библиотека, ,Искра” го реализираше вториот дел од едукативната програма ,,Споделување знаење за играта шах” во соработка со Шаховскиот клуб ,,Кочани” Кочани, на која учесници беа учениците од IV одд.од ОУ,,Св.Кирил и Методиј ” Кочани, заедно со наставниците ментори Марина Петрова и Сузана Горгиева.

Најмладите ги поздрави актуелниот претседател на ШК „Кочани“  Благоја Ситновски при тоа изразувајќи задоволство за присуството на учениците во клубот, а за најзначајните елементи за играта шах на децата им зборувашњ еден од најистакнатите кочански шахисти со врвни достигнувања во шахот, Владимир Тркаљанов кого децата го следеа со посебно внимание.

Претседателот Благој Ситновски најави дека шаховскиот клуб своите активности со најмладите ќе ги зголеми со почетокот на новата учебна година кога во склоп на ШК „Кочани“ ќе биде отворена школа за играње на шах на која ќе можат да земат учество сите заинтересирани кои сакаат да ја играат оваа древна игра.

 

Координатор на програмата,

библиотекар советник,

Магдалена Кочовска Салтирова

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ