ПРЕКРАСНА АТМОСЕФРА НАПРАВИЈА НАВИВАЧКИТЕ ГРУПИ „СЕЈМЕНИ“ И „АЈДУЦИ“

Во Спорт
април 11, 2022
0 минути

Фудбалскиот натпревар „Осогово“ – „Беласица“ 0:5 (0:0) освен по добрата и ефикасна игра на гостите од Струмица ќе се памти и по одличната атмосфера на трибините што ја создадоа навивачките групи „Сејмени“ и „Ајдуци“.

Иако бројноста на навивачите не беше на очекувано ниво сепак и тие што беа сместени на двете спротивни трибини со своето фер и коректно навивање му дадоа еден посебен шмек на натпреварот.

Убаво би било кога се почесто на трибините би гледале вакво навивање, отколку навреди, вулгарни зборови и закани.

Ваквото навивање ја враќа вербата во фудбалот.

Секоја чест и за едните и за другите, беше еднаш, нека се повторува секогаш.

С. Ивановски