УСПЕШНО ДЕБИ НА РУСИНОТ РАСУЛ ШАПИЕВ ЗА БК „СПАРТАК“ НА ИЗБОРНОТО ПРВЕНСТВО

Во Спорт
јануари 21, 2023
1 минути

Во организација на Боречката Федерација на Северна Македонија а со техничка организација на БК „Лирија’ од Скопје денес во спортската сака на Гимназијата „Зеф Љуш Марко“ во Скопје се одржа Изборното првенство во борење, слободен стил за момчиња и девојчиња во сениорска конкуренција.

Екипата на БК „Спартак“ од Кочани на првенството се појави со седум борачи, но вниманието секако дека најмногу беше насочено кон Русинот Расул Шапиев кој денес го имаше своето деби за кочанскиот клуб.

Во конкуренција на стотина борачи од 12 клубови борачите на „Спартак“ освоија едно прво и едно трето место, двајца борачи беа петопласирани а тројца имаа настап но завршија без пласман.

Расул Шапиев го освои првото место и се закити со златниот медал во категоријата до 74 килограми, додека бронзениот медал како третопласиран го освои Леон Трајанов во категоријата  до 92 килограми.

Александар Павлев (до 70 килограми) и Ефтим Стоименов (до 65 килограми) беа петти, додека Илчо Веселинов (до 74 килограми), Горан Терзиски (до 92 килограми) и Дамјан Крстов (до 57 килограми) останаа без пласман.

Екипно „Спартак“ го освои 5-тото место.

Тренер на борачите беше Влатко Соколов а Гоце Ангелов од Кочани беше еден од неколкуте судии кои ја делеа правдата на душекот.

С.  Ивановски