ПРЕКРАСНО ОРГАНИЗИРАНА НОВОГОДИШНА ЗАБАВА ЗА ДЕЧИЊАТА ОД ПДГ „АМИЧИ“ ОД КОЧАНИ

декември 23, 2022
0 минути

И годинава менаџерскиот тим со вработените од Приватната Детска Градинка „Амичи“ од Кочани организираше новогодишна забава за дечињата од нивната градинка.

Откако општинската бирократија не сакаше да ја издаде салата во Мултикултурниот Центар за да родителите и најблиските поминат убави мигови со нивните дечиња, од „Амичи“ мораа да побараат алтернатива. Бараа, и ја најдоа во „Винчини“ во Виница.

Иако забавата беше во друга општина сепак најблиските не беа спречени да ја исполнат салата до последното место.

А дечињата кои насмеани, кои расплакани, сепак весели им се претставија на присутните во салата со детски игри и песнички што ги научиле со своите воспитувачи.

На крајот се појави и неизбежниот Дедо Мраз кој на сите дечиња им подари пакетчиња а за посетителите, по завршувањето на приредбата Амичи“ организираше коктел дружење.

Зад нас остана уште една убаво организирана забава. Од „Амичи“ и овој пат покажаа дека  се сé може кога се сака, па така и овој пат никаква сила не им ја спречи организацијата која подолг период ја планираа.

Иако се убаво се заврши сепак присутните на забавата со право се прашуваа зарем компанија која плаќа данок на својата општина а и граѓаните кои преку своите давачки го полнат општинскиот Буџет заслужија ваков однос од поединци од општинската администрација, зарем до толку се немаше доблест да се отстапи салата во „Мултикултурнит Центар“ во Кочани, истата сала која пред само два дена беше отстапена за забава на дечињата од ЈОУДГ „Павлина Велјанова“.

С.  Ивановски