ПРЕС НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ, ДАЛИ ГРАЃАНИТЕ СЕ ДОЛЖНИ ДА СУБВЕНЦИОНИРААТ БИЗНИСМЕНИ

октомври 4, 2022
1 минути

Почитувани,

Дали граѓаните се должни да субвенционираат одредени бизниси кои се во сопственост на одредени подинци? Во нормална држава ова е недозволиво, ама кај нас во општина Кочани очигледно дека суровата вистина е токму таа. За што всушност се работи? ВМРО – ДПМНЕ како десна партија секој пат се залага за поддршка на бизнисите кои се општествено одговорни и даваат свој економски бенефит во општината. Но исто така ВМРО ДПМНЕ е народна партија која прво го штити националниот и локалниот интерес на народот, а не на група приватни бизнисмени.Со неизгласувањето на одлуката за зголемување на цената на геотермалната вода за м3, директно Советничката група на СДС и нивните сателити во Советот на општина Кочани го открија нивното вистинско лице пред народот и паднаа во вода сите нивни искажани лаги дека се изберени да го штитат интересот на граѓанинот. Цената на геотермалната вода која не е изменета од 2012 година предизвикува милионски загуби во работењето на КЈП Водовод. Исто така сведоци сме на зголемување на цената на сите енергенси, на мазутот, на електричната енергија, на цената на трудот, пa содветно на тоа треба да има и рационално зголемување на цената не геотермалната вода за да се покријаат овие расходи. Сите овие аргументи на советниците на СДС им беше “сликовито” и профeсионално објаснето од раководителот на Геотерма, г-дин Иванов на една од седниците на советот. Во ова време на економска и енергетска криза на стопанствениците им треба помош од секаков вид за да можат да ги премостат проблемите. Но, никако тоа не треба да биде на грбот на обичните граѓани, кои од ден на ден се повеќе осиромашуваат. Исто така несфатливо е зошто СДС не ги гласа точките поврзани со статутарни измени и организирање на подружници на КЈП Водовод, насоки кои се по барање на Швајцарската амбасада која го води и го донира проектот за пречистителната станица на КЈП Водовод.Во време на претходниот градоначалник Илијев лицемерите од СДС го фалеа проектот, Зоран Заев се сликаше за политичка промоција, а денес зошто не се на чело на локалната власт проектот не чинел, па не треба да се гласа.Во дел од проектот се предвидува и преработка на слама, односно процес на компостирање и добивање на природно ѓубриво.Со овој проект земјоделците ќе имаат каде да ја искористат сламата од нивите, наместо да ја палат како до сега. Со овие блокади и уцени кои се случуваат во Советот на општината од страна на СДС и нивните сателити, се прави огромна штета на буџетот и просперитетот на сите граѓани во Кочани. Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ ќе продолжи да се бори во Советот на општината со силата на аргументите и да ги разобличува пред кочанската јавност манипулациите и лагите пласирани за да се скријат нечии интереси.

Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

во Кочани Мирче Стојков