ЛИБЕРАЛНО ДЕМОКРАТСКА МЛАДИНА – КОЧАНИ СПОРОВЕДЕ АКЦИЈА ДЕЛЕЈЌИ ШИШИЊА ВОДА

август 17, 2023
1 минути

Либерално демократската младина на Кочани денес со акција на неколку локации во градот подели шишиња вода со цел освежување и разладување на нашите сограѓани и сограѓанки како превенција од високите температури.

Поради нефункционалноста и недостигот на јавни фонтани во Кочани и инспирирани од реакциите на Кочанчани по повод истиот проблем, денес поделивме шишиња вода на повеќе од 300 наши сограѓани и сограѓанки ширум градот.

Со оваа акција ги потсетуваме Кочанчани дека Либерално демократската младина ги разбира нивните проблеми и барања и дека во иднина продолжуваме да делуваме во интерес на градот. Сакаме да нагласиме дека граѓаните и нивните потреби се постојани и треба да сме фокусирани постојани на јавниот интерес на Кочанчани, а не само за време на избори.

И за крај, Либерално демократската младина на Кочани ги поканува сите млади кои сакаат да земат активно учество и да бидат активни чинители во процесите со кои ќе ги менуваме работите на подобро и ќе работиме на просперитетна и прогресивна иднина како на локално така и на државно ниво.

Либерално Демократска младина – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ