ПРЕС НА ОО НА СДСМ – КОЧАНИ

јуни 2, 2022
1 min read

Почитувани,

Работата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување ,,Светлина КО 2022″  ке биде волонтерска, без непотребни и дополнителни трошоци на парите на граѓаните и Општината, ова беше по  иницијатива и предлог на Советниците од редовите ОО СДСМ Кочани, на 12 редовна седница на Советот на Општина Кочани

СДСМ имала и ќе има слух за граѓанската јавност, за подобрување на квалитетот на животот и зачувување од излишни трошоци на парите на своите сограѓани. Но, за жал не и опозицијата. Општината нема средства за ништо друго, освен за вработување на своите партиски војници. Две недели новоназначен директор на  Детската градинка “Павлина Велјанова” , а веќе вработени лица од фамилии на нивното раководство, вработенувања  во ЈОУ Библиотека Искра, вработувања  во КЈП “Водовод” и унапредување на нивните партиски војници. Истото тоа раководство кое беше најгласно против ваквите вработувања сега си го покажа вистинското лице и причината за борба за власт.

А пари во Буџетот на Општината нема?!

Освен партизирање на Општина Кочани, во последните седум месеци ДПМНЕ не сработи ништо. Дури и проектите започнати од претходното раководење  на СДСМ  не се завршени. Критики, манипулации, стари – за нив добро познати обиди за сопствен бенефит и вработувања.

Граѓаните на Кочани заслужуваат да знаат каде се трошат нивните пари!

Со почит,

ОО СДСМ Кочани