На 20.06.2023 во 15.45 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.А.(22) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, семки од растението канабис и дробилка.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ИЗВОР: Дневни билтен на МВР
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ