КОЧАНСКА ЦРНА ХРОНИКА – ИЗМАМЕНИТЕ СИ ГИ БАРААТ ПАРИТЕ

мај 23, 2023
1 минути

На 22.05.2023 во 10.00 часот во Полициската станица Кочани, 47-годишна жена од Кочани пријавила дека пролетта 2022 година била измамена од Х.Д. од Кочани за сума од 500 евра. Според пријавеното, Х.Д. дошла во нејзиниот дом и ѝ побарала пари на заем за лекување на нејзиното дете, но до пријавувањето не ги вратила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.05.2023 во 11.30 часот во Полициската станица Кочани, 75-годишен жител на Кочани пријавил дека во септември 2022 година бил измамен од Х.Д. за сума од 300 евра. Според пријавеното, Х.Д. дошла во неговиот дом и му побарала пари на заем за запишување на нејзината ќерка на факултет, но до пријавувањето не ги вратила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.05.2023 во 11.00 часот во Полициската станица Кочани, 52-годишна жена од Кочани пријавила дека во март 2022 година била измамена од Х.Д. од Кочани за сума од 400 евра. Според пријавеното, Х.Д. дошла во нејзиниот дом и ѝ побарала пари на заем за лекување на нејзините деца, но до пријавувањето не ги вратила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.05.2023 во 11.00 часот во Полициската станица Кочани, А.К.(71) од Оризари, кочанско, пријавил дека на 21.05.2023 М.Д.(44) од Кочани, при купување пченка од него му платил со фалсификувана банкнота од 50 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ