ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НСДП И КАНДИДАТ ЗА ПРАТЕНИК ВО ИЕ 3 ГОРАН МИСОВСКИ ПОМЕЃУ ЖИТЕЛИТЕ НА ГОРНИ ПОДЛОГ И МОЈАНЦИ

мај 2, 2024
1 min read

Претседателот на НСДП и кандидат за пратеник во изборната единица 3 Горан Мисовски помеѓу жителите на Горни Подлог и Мојанци. Тој ја презентираше програмата на коалицијата за европска иднина и посебно го потенцираше делот за земјоделците.

 

Во следните 4 години ќе има вложување на една милијарда и триста педесет милиони евра за капитални инвестиции и директна финансиска поддршка до земјоделците.

За 50%, од 10.000 на 15.000 евра, се зголемува грантот за поддршка на младите земјоделци, кои сакаат да започнат со земјоделска дејност и дополнително ќе се обезбеди 40% авансна исплата.

За младите земјоделци се обезбедува до 100% поголеми дополнителни субвенции во првите 5 години од кога го превземаат земјоделското стопанство.

Поддршката кон жената земјоделка носител на земјоделско стопанство од 6.000 се зголемува на 10.000 евра.

Заедно да го продолжиме развојот, да не се враќаме назад.

На 8 мај да излеземе и да гласаме за Број 1, за европска иднина дома. НСДП – Нова социјалдемократска партија Нова Социјалдемократска Партија Нова социјалдемократска младина НСДМ-Нова социјалдемократска младина

Нова Социјалдемократска Партија

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ