ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ НА ПС КОЧАНИ

мај 2, 2024
1 минути

Вчера (01.05.) во околината на излетничките места на Пониква, кај селата Бели, Пантелеј, Нивичани и кај брана Градче, кочанско, полициски службеници од Полициската станица Кочани спроведоа превентивна активност под мотото – „Не уништувајте ја природата“.

При спроведувањето на превентивната активност остварен е непосреден контакт со граѓаните кои во пресрет на празникот на трудот 1-ви Мај се упатувале кон излетничките места и при разговор со истите им беше укажано за последиците од палењето на оган на отворен простор, за законските одредби, но и за штетата од самиот пожар која долгорочно ќе се одрази како врз човечкиот живот така и врз растителниот и животински свет.

Целта на оваа активност беше да се подигне свеста кај граѓаните да постапуваат совесно и одговорно , односно да дадат свој придонес за заштита на природата. За време на активноста беа поделени и летоци со информативна содржина, изработени во соработка со ЈП„Национални шуми“.

Соопштение на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ