СООПШТЕНИЕ ОД ФК „ОСОГОВО“ – КОЧАНИ

Во Спорт
мај 2, 2024
0 минути

Почитувани,

ГФК Осогово собраните средства од хуманитарниот натпревар против тимот на Караорман во износ од 15.000 денари ги уплати на сметка за лекување на Оливер Мирозов на кого му се потребни средства за терапии и медицински третмани за подобрување на комунукативноста.

Осогово како спортски клуб многупати организира вакви хуманитарни натпревари .Овој викенд нашата екипа е домакин на екипата на ФК Скопје,натпревар кој ке се одигра во сабота 04.05.2024 со почеток во 13.00 часот.

Терминот за одигрување на натпреварот е променет, наместо во 16 часот, натпреварот ке се одигра со почеток во 13 часот.

Повик до сите љубители на фудбалот и симпатизери на Осогово да дојдат во сабота на градскиот стадион ,,Никола Мантов,, и со фер  и коректно навивање да им помогнеме на нашите фудбалери да дојдат до победа која ке биде потребна за опстанок.

Сите на стадион,за победа на Осогово.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ