ПРЕТСТОИ УПИС НА ПРВАЧИЊА ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА, ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО КОЧАНИ

април 25, 2023
1 min read

Денеска, во салата за состаноци на Општина Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов оствари средба со директорите и училишните педагози од основните училишта во Кочани во врска со претстојниот упис на првачиња во основните училишта.

Согласно реонизацијата потребно е секој родител да се јави за упис во училиштето во кое согласно реонот припаѓа ученикот, од каде што воедно родителите ќе добијат покана.

Родителите кои нема да добијат покана потребо е да се јават во најблиското училиште, согласно местото на живеење во текот на месец мај 2023 година.

СООПШТЕНИЕ

Почитувани родители,

Согласно законот за Основно образование во прво одделение се запишуваат деца родени во 2017 година кои до крајот на календарската година ќе наполнат 6 години и деца родени до 31.01.2018 год. по претходно барање на родител и добиено мислење од педагог и психолог.

Основното училиште ги опфаќа учениците од својот реон утврден од основачот на основното училиште и истите ќе ви достават покана за упис на вашето дете со термин кога треба да се обратите во училиштето, родителот е должен да се јави во училиштето во кое детето е училишен обврзник.

При запишувањето неопходно е да ги понесете со себе следниве документи за да ги доставите до Комисијата за упис на детето во прво одделение:

  1. Извод од матична книга на родените на ученикот (копија);
  2. Државјанство на ученикот (за ученици кои се родени во странство);
  3. Копија од лична карта од родител;
  4. Потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена установа ЈЗУ Општа болница-Кочани;
  5. Потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа ЈЗУ Општа болница Кочани;
  6. Потврда за направен офтамолошки преглед (преглед кај очен лекар);
  7. При запишувањето на детето со попреченост во прво одделение родителот, односно старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

Документите ќе ги доставите на денот на опсервација на Вашето дете во оригинална форма во термин кој дополнително ќе биде утврден од страна на училиштето каде вашето дете е училишен обврзник, согласно утврдената реонизавија донесена од Советот на Општина Кочани.

Уписите во сите основни училишта ќе започнат на 08.05.2023 година.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ