АЛЕКСАНДРА СТОЈАНОВА ПОБЕДНИК НА XXII ИЗДАНИЕ „МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ“

април 25, 2023
1 минути

Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани се одржа XXII  општински натпревар „Млади библиотекари“ – Кочани 2023 година.

Учествуваа 11 натпреварувачи, односно ученици од сите основни училишта во Општина Кочани кои требаше да одговорат на 20 прашања од тестот кој носеше вкупно 100 поени.

По прегледувањето на тестовите комисијата во состав: Мара Анастасова – претседател, Магдалена Кочовска Салтирова и Румена Тодорова – членови, ги прогласија најуспешните.

Победник на годинешното издание „Млади библиотекари“ е Александра Стојанова, ученичка во IX одделение во ООУ „Раде Кратовче“ и истата ќе ја претставува нашата општина на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“  кој ќе се одржи на 12.05.2023 година во Кочани.

Второпласирана е Ева Јованова, ученичка во IX одделение во ООУ „Никола Карев“, а третото место и припадна на Јана Крстева, ученичка во VIII одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Организаторот ЈОУ „Библиотека „Искра“, на првопласираните им додели Дипломи и подароци од книги а на сите останати учесници Благодарници и книга.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ