Денеска (06.11.) во селата Чифлик, Облешево, Чешиново, Кучичино, Бурилчево и Уларци, кочанско од страна на полициски службеници при ОВР Кочани беше спроведена превентивна активност под мотото – „Не уништувате ja природата, таа е нашиот живот“.
При спроведувањето на превентивната активност преку непосредна комуникација со жителите полициските службеници укажуваа за последиците од палењето на оган на стрништата, посевите и во нивна близина, потоа за законските одредби но и за штетата од самите пожари што долгорочно може да се одрази како врз човечкиот живот така и врз растителниот и животински свет.
Целта на оваа активност беше насочена кон подигнување на свеста пред се кај земјоделците да постапуваат совесно и одговорно минимизирајки ги ризиците од пожари. Дополнително, во текот на активноста на жителите им беа делени и печатени летоци со информативна содржина, а изработени во соработка со ЈП „Национални Шуми“.
Министерство за внатрешни работи
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ