Денес ДПД Кочани беше дел од показната вежба „Источен штит“, под мотото „Заедно против огнот“, каде што седум доброволни противпожарни друштва заедно со територијалните единици од Штип и Радовиш демонстрираа гасење на шумски пожар.

Вежбата се одржа на местото викано Суитлак во Штип, во организација на ТППЕ Штип и ДПД Штип, со поддршка на Општина Штип.

ДПД Кочани учествуваше со 9 членови и 5 возила. Преку ваквите вежби се зголемува координацијата и искуството на сите вклучени служби, а воедно претставуваат и одличен показател за сегментите каде што треба дополнително да се работи и да се подобрува подготвеноста на терен.

Особено радува зголемениот број на доброволни друштва и доброволни пожарникари во пресрет на претстојната летна сезона, и се надеваме дека овој позитивен тренд ќе продолжи. Благодарност до организаторите и до сите учесници кои беа дел од оваа вежба.


ДПД Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
