ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ НА СВР ШТИП ЗА БЕЗБЕДНИ МАТУРСКИ ПРОСЛАВИ И БЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

мај 13, 2025
1 минути

Денеска (13.05.) полициски службеници од ОВР Кочани во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и полициски службеници од ПО Македонска Каменица, во средните училишта ЕМАУЦ „Гошо Викентиев“ во Кочани и СОУ „Миле Јаневски“ во Македонска Каменица одржаа едукативни предавања во рамки на кампањата „Безбедни матурски прослави“.

Притоа, учениците матуранти беа информирани за важноста од почитување на јавниот ред и мир, како и за потенцијалните опасности од конзумирање алкохол или психотропни супстанци. Им беше потенцирано да се воздржат од управување на моторни возила, односно доколку консумираат алкохол да не седнуваат зад волан. Исто така, на учениците им беа поделени информативни материјали, изработени во соработка со РСБСП.

Инаку денеска и полициски службеници од ПО за БПС Делчево на повеќе локации во Делчево реализираа превентивна активност под мотото „Паркирај совесно -паркирај одговорно“. За време на активноста, на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП, а со пораки и информации за почитување на законската регулатива со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Соопштение на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ