ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОБУС КАКО МОЖНОСТ ЗА ЕКОЛОШКИ ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО КОЧАНИ

октомври 22, 2024
1 минути

Денеска Општина Кочани ѝ овозможи на „Аутомакедонија“ да направи презентација на електричен автобус, како превозно средство за организирање еколошки јавен превоз.

„Имаме практична презентација на целосно електричен автобус Novociti VOLT,  со  цел граѓаните и општината да добијат претстава за можностите кои овој еколошки автобус ги нуди во организирањето на јавниот превоз, како и да се запознаат со неговите главни предности. Тоа е возило што не загадува, односно нема емисии на штетни гасови, овозможува комфорно и модерно возење, без бучава и без вибрации, а неговите компактни димензии го прават лесен за примена дури и во најурбаните градски средини“ изјави Билјана Јанчовска од „Аутомакедонија“.

„Презентацијата  на електричниот автобус е во рамките на напорите за обезбедување здрава животна средина. Општината, граѓаните и операторите имаат можност „од прва рака“ да се уверат во можностите што ги нуди овој еколошки автобус во организирањето на урбаниот транспорт“ изјави градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.

Општина Кочани во своето стратегиско планирање ќе бара можности за обезбедување  средства за организирање еколошки јавен превоз.

Благодарност до Фото „Луна“ за доставените фотографии.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ